“Бугарија има право на вето, но 6 месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот” – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по искажаниот став на новиот бугарски премиер Кирил Петков.
Тој посочи дека нашата позиција е принципиелна и многу земји од ЕУ ја поддржуваат.
“Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нам не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво” – рече министерот Османи.