БУГАРСКАТА БЛОКАДА ЈА ОДДАЛЕЧУВА ЕУ ОД БАЛКАНОТ, ЗАЕВ: ЕУ ИЗВЕШТАИТЕ ЗА НАС СТАНУВААТ БЕСПРЕДМЕТНИ БЕЗ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ

0
736
“Одлуките кои не се одлуки, туку се нови блокади како последната на министерскиот состанок на ЕУ, ја оддалечува Европската унија од Северна Македонија и регионот, а не ја приближува” – изјави премиерот Зоран Заев во емисијата “Топ тема” на Телма. Со ваквите одлуки се зголемува евроскептицизмот во државата и се овозможува на трети сили да го зголемат влијанието во регионот.
“Мене ме плаши порастот на евроскептицизмот, како и одлуките на ЕУ кои тоа го овозможуваат. Стануваат беспредметни извештаите што ги добиваме секоја година. Зошто ни се извештаите за напредок, ако после 16 години не добиваме никаков напредок? Не ги омаловажувам извештаите, многу ни се значајни, но вака ја губат смислата” – изјави Заев.
Македонскиот патоказ е дел од португалскиот предлог за решавање на спорот и македонската страна тоа го направила. Во него, на 18 страници се опфатени сите области: образованието, спортот, здравството, културата со конкретни рокови. Сепак не може да се постават рокови за расправите во историската комисија затоа што е невозможно политиката да ѝ даде диктат на науката.
Тој го повтори она што се знае за употребата на називите Република Северна Македонија и Северна Македонија: “Како на Бугарите не им пречеше Република Македонија, а сега им пречи Северна Македонија?“