БУГАРИЈА ЗАБРЗАНО ПЛОВИ КОН НОВИ АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ: БУГАРСКИ ШОВИНИСТИ ПОДГОТВИЈА НОВА ДЕКЛАРАЦИЈА СО 7 УСЛОВИ ПРОТИВ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1303

Иницијативен комитет од 8 бугарски т.н. научници подготви нова поостра декларација и 7 услови како ултиматум кои би требала задолжително да ги исполни Северна Македонија за да би добила поддршка и од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Од сите бугарски партии на изборите ќе се бара да ја поддржат оваа декларација и да се обврзат дека ќе ја бранат позицијата на Бугарија против Северна Македонија.

Членовите на овој иницијативен комитет ја условуваат поддршката за почеток на преговори со исполнувањето на овие барања: законски гаранции дека Договорот за добрсоседство и обврските од него ќе бидат почитувани; откажување од малцински и територијални претензии; рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам кои наводно имале бугарска самосвест; промена на наставните програми во Македонија; отстранување на знаци и натписи; придржување кон клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји за официјалниот јазик на Република Северна Македонија.

Коалицијата “Бугарски патриоти” со ВМРО-БНД на Каракачанов ја поддржува таквата декларација.