МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ ВО БЕРОВО: ЈА РАЗВИВАМЕ ЛОКАЛНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОДОБРО УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ

0
816

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски денеска извршија увид на реконструкција на патниот правец до село Двориште кој се реализира преку проектот за поврзување на општините со локални патишта.

Проектите за развој на модерна инфраструктура во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци оваа година ќе продолжат со посилен интензитет, со фокус на регионалното поврзување и со посебен приоритет на локалните патни правци со цел да се забрза локалниот развој и модернизацијата на македонските општини.

“Инвестициите во патната мрежа се неопходни за да создадеме подобри услови за живот на граѓаните. Проектот за поврзување на локалните патишта го овозможува токму ова, развој на локалната патна мрежа и подобрување на урбаното живеење на граѓаните. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да истакнам дека денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за имплементација за реконструкција на локалниот пат до селото Двориште со должина од 3300 метри. Вкупната вредност за реконструкција на овој пат изнесува над 400 илјади евра и очекуваме работите да бидат завршену пред крајниот рок за изведба, односно во текот на оваа календарска година” – рече министерот Бочварски.