БГНЕС: Се спрема годишен европски извештај против провокациите од Бугарија

0
1030

Во Годишниот извештај за Северна Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), којшто ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре ќе се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти. Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и од Социјалистите, кои ги поднеле амандманите, јави бугарската агенција БГНЕС.