Специјалниот пратеник на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучкоски изјави дека меѓупартиските разговори во Бугарија ќе резултираат со Влада која ќе го решава спорот меѓу Софија и Скопје.
“Верувам дека промените што ги вети тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. Довербата е прекршена меѓу нас и ни треба силна верба дека можеме да постигнеме решение” – изјави тој за БНР.
Бучковски го коментираше и ЕУ самитот во декември.
“Има проблеми на маса, мора да се бара компромис. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа. Колку брзо? Тоа е прашањето на кое немам одговор во моментов” – рече Бучковски.