БЕЗБЕДНОСТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ МОРА ДА СЕ ПОДОБРИ, БОГОЕВ: ОД МВР ПОБАРАВМЕ ПОЧЕСТИ ПАТРОЛИ ПРОТИВ ТРКИТЕ СО МОТОРИ НА ПАРТИЗАНСКА

0
905

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска на работната средба од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Полициската станица Карпош, по повод донацијата од општината на два мопеди за работа на терен на полициските службеници, побарал поголемо присуство на полицијата на терен, почести патроли за сузбивање на трките со мотори долж бул. “Партизански одреди”, а ги сподели и барањата на Карпош 4 и на Тафталиџе 2 за поставување семафор на Партизанска кај трговскиот центар Антико.

Министерот Спасовски потсети дека еден од стратешките проекти, што заедно се работи со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е работа со заедницата, како исклучително важна за полициското работење. Колку повеќе и посилно ќе биде таа поддршка и партнерство помеѓу граѓаните и полицијата, истакна тој, толку ќе биде и поголема безбедноста и довербата во институцијата.