БЕЗ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР, НЕМА ЕУ, МИЦКОСКИ СЕ ПОМИРИ СО РЕАЛНОСТА ВО БРИСЕЛ: МАКЕДОНИЈА НЕМА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ

0
1183

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и партиската делегација на повеќе средби во Брисел им порачале на своите соговорници дека не постои друга алтернатива за Македонија освен членство во ЕУ. Христијан Мицкоски се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, потоа со Португалецот Пауло Рангел, кој е потпретседател на Европската народна партија и неформално со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија со Северна Македонија.

Мицкоски рекол дека државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги правела актуелната влада на Заев во однос на европските перспективи. Затоа Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Мицкоси обвини дека власта на Заев не била вистинската слика за Македонија и затоа им објаснувал дека неуспесите ќе се надминеле наскоро и со забрзување на европските реформи. Затоа ни е потребна шанса преку започнувањето на преговорите тоа да го покажеме на дело.