БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ОХРИД МОРА ДА СЕ РУШАТ, ЗАЕВ: ПРАВНАТА ДРЖАВА МУ СТАВА КРАЈ НА ХАОСОТ ВО ОХРИД

0
964

Премиерот Зоран Заев денеска објави дека изразува силна поддршка за одлучната акција за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески.

“Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на охридскиот регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните” – напиша Заев.
Премиерот посочува дека сите се еднакви пред законите. Особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство. Следна ќе биде Струга.