Thursday, May 8, 2025
25.8 C
Skopje

НИКОЛОСКИ: СОРАБОТКАТА СО ДУИ БИ БИЛА ПОЛИТИЧКО САМОУБИСТВО ЗА ТАРАВАРИ, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТОА НЕМА ДА ГО НАПРАВИ

,,Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.

Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.

,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.

Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската...

ПРЕНЏОВ: ДУИ Е ПАРТИЈА БАЗИРАНА НА ШИРЕЊЕ НЕТРПЕЛИВОСТ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

На денешната седница на Комисијата за политички систем и...

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЗНАМ, БЕНДЕВСКА НА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска...

ПАВЛЕ АРСОСКИ ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ВО КРУШЕВО И ДЕМИР ХИСАР

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ