БЕЛГРАД И ПРИШТИНА СЕ ДАЛЕКУ ОД РЕШЕНИЕ, БРНАБИЌ: АЛБИН КУРТИ Е ИДЕОЛОШКИ ФАНАТИК СО НУЛА ПРАГМАТИЗАМ

0
680

Српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека со премиерот на Косово, Албин Курти нема разговори и договори и нема да има ниту заеднички договор.

Брнабиќ рече дека состанокот во Тирана пред неколку дена бил многу бурен и тежок и дека тоа бил подготвителен состанок за 15-ти јуни во Брисел, на кој ќе присуствува српскиот претседател Александар Вучиќ. Иако Курти ја обвинува Србија за геноцид, Брнабиќ смета дека тој е идеолошки фанатик со нула прагматизам.

“Тој секој ден и’ се заканува на Србија со тужби за геноцид. Нека покрене тужба и потоа нека каже што сака, нека докаже што има, но да не се заканува, особено не на регионални состаноци, затоа што тогаш прави циркуз од нив” – изјави таа.

Српската премиерка оцени дека работите се тешки и ќе бидат се’ потешки.

“Фактот што сега имаме политички елити во Приштина, луѓе кои не сакаат да зборуваат, е катастрофа за целиот регион и ќе биде исклучително тешко за претседателот Вучиќ на 15-ти јуни” – оцени премиерката Брнабиќ.