БАЛКАНОТ НЕ Е ТЕМПИРАНА БОМБА, ТУКУ СИМБОЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ЗАЕВ: ОТВОРЕН БАЛКАН НУДИ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ТРИТЕ ЗЕМЈИ

0
898

“Балканот повеќе не е темпирана бомба туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива Отворен Балкан создава многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот” – рече премиерот Зоран Заев во интервју за српската агенција Танјуг. Таа мисла ја застапуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама.

И покрај воздржаните или негативните реакции од Приштина, Сараево и Подгорицаза иницијативата Отворен Балкан, премиерот Заев се надева дека Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора подоцна ќе се приклучат на иницијативата. Сите истражувања покажуваат дека граѓаните на овие земји гледаат позитивно на потенцијалоти придобивките што го носи регионалната соработка и отворените граници за стопанството, услугите, работните места и капиталот.

“Единствените начини како ние можеме да го подобриме животот во регионот е да го донесеме тоа што го имаат граѓаните во Германија, во една Франција, во една Австрија, Италија, Швајцарија овде во регионот. Да го направиме и нашиот регион поврзан и заеднички и отворен пазар. За разлика од минатото кога преовладуваше политичко непријателство, кавги, проблеми, сега сите заедно во Отворен Балкан работиме на интеграцијата на регионот во ЕУ со забрзување на процесот за европски, поквалитетен живот за граѓаните” – истакна премиерот Заев за Танјуг.