АВСТРИЈА ПРЕГОВАРА И ЗА МИЛИОН ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА СПУТНИК В

0
1103

“Австрија преговара со Русија за купување на милион дози од вакцината Спутник В, која сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА)” – соопшти канцеларијата на канцеларот Себастијан Курц.

Курц е под голем број критики од опозицијата затоа што неговата влада не купила доволно вакцини преку централизираниот систем на ЕУ, додека Курц тврди дека системот потфрлил.

“Не смее да има геополитичка тесноградост кога станува збор за набавка на вакцини. Австрија преговара со Русија за набавка на вакцината и Москва понуди да испорача милион дози од април. Единственото нешто што треба да е важно е дека вакцината е ефикасна и безбедна.” – рече Курц. Спутник В досега е одобрена во 58 земји.