АВСТРАЛИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ИМУНИЗАЦИЈАТА СО АСТРА ЗЕНЕКА

0
815

Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.

“Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија” – рече австралискиот заменик-министер за здравство Мајкл Кид.