АВИОНСКИОТ СООБРАЌАЈ ЕТАПНО ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА, ВИЗЕР ПОВТОРНО ОТВОРА 7 РУТИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДО ЕВРОПСКИТЕ ДЕСТИНАЦИИ

0
869

Нискобуџетната авиокомпанија Визер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Визер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Визер повторно ја поврзува Северна Македонија со Париз-Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихсхафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.

“Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Визер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж” – вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Визер.