АСТРА ЗЕНЕКА И ФАЈЗЕР СЕ БЕЗБЕДНИ ВАКЦИНИ: 90% БРИТАНЦИ РАЗВИЛЕ АНТИТЕЛА ПО ПРВАТА ПРИМЕНА ДОЗА

0
829
Повеќе од 90% од Британците развиле антитела на коронавирусот откако ја примиле првата доза на вакцината АстраЗенека или Фајзер, а по втората доза развиле речиси 100 проценти од вакцинираните, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на 8517 луѓе во Англија и Велс.
“Истражувањето на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42% од вакцинираните, развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а процентот се зголемил на 99,08% по приемот на втората доза, во рок од 7 до 14 дена” – пишува Гардијан.