НАМЕРНА ЛАГА ОД АПАСИЕВ: Албанците се околу 18%, СДСМ и ДУИ ги штимаат за да бидат 28%

0
3294

Вчера гледавме скандалозно однесување на Апасиев во интервјуто на “Само вистина” на Канал 5 каде што изнесе бројни клевети и обвинувања на сметка на СДСМ. Прво ги обвини СДСМ и ДУИ дека уште во текот на преговорите за Влада, го договарале процентот на Албанци на пописот и дека со изгласаниот закон, сето тоа се остварува. Како дополнителен аргумент го наведе лобирањето на функционери од ДУИ кај албанската дијаспора во западните земји но и со посетите на Косово и Албанија.

Потоа манипулативно наведе дека непуштањето на попишувачите дома, е само прекршок за кој што е спремен да оди и до Стразбур за да истера своја правда за да го бојкотира пописот. Се обврза дека жестоко ќе се бори против СДСМ се’ до нивниот пад од власт и дека потоа би направил амнестија за сите оние кои што ќе го бојкотираат пописот а притоа ќе имаат судски постапки и надоместување на казните. Цврсто се држеше до тезата дека во време на пандемија, кризните мерки имаат апсолутен приоритет и дека власта не смее да спроведува попис и со тоа да им го загрозува здравјето на граѓаните.

Не пропушти прилика да го оцрни и Рашковски со реминисценција од студентските денови кога наводно Рашковски бил алчен благајник на професор кој што им продавал книги на студентите. Според негова проценка, Рашковски не го сакаат во СДСМ и му е само десна рака на Заев и дека ќе биде првиот кој што ќе одговара на суд откако ќе падне оваа власт на СДСМ и ДУИ.

Апасиев ги гледа СДСМ како еврофундаменталисти, послушници на САД и Калето кои што го поддржуваат пописот и притоа ги толерираат за високата корупција во своите редови. За ЕУ смета дека има двојни аршини затоа што се согласила на одложување на пописот во Србија но не и во Македонија.

До каде е спремен да оди Апасиев со неговата штетна политика за иднината на Северна Македонија?