АНКЕТА НА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС: НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ САКААТ ВАКЦИНИ ФАЈЗЕР И СПУТНИК

0
625

50% од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, 34% од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, а 16% од граѓаните сè уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Институтот за демократија “Социетас Цивилис” (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.

Прашањата за вакцините се дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија “Социетас Цивилис” ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39% ја преферираат вакцината на Фајзер, додека втора по ред е вакцината Спутник В со 21%. Малку преферирани се вакцините Синофарм, која ја преферираат 6% од граѓаните, потоа е Модерна, која ја преферираат 5% од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е Астра Зенека, за која се определиле само 3% од граѓаните. 27% од граѓаните не знаат или немаат одгвор за тоа која вакцина ја преферираат.