АНАЛИЗА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ ЗА ПОЛОВИНА ГОДИНА: ЕЛЕКТРОНСКИ НАБАВКИ И ТЕНДЕРИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 7,9 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СПРОВЕДУВААТ КАКО МЕХАНИЗАМ ЗА МАНИПУЛАЦИИ И КОРУПЦИЈА

0
977

Детектирани се низа длабоки слабости и недостатоци кои што укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите, тврди Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки за периодот од јануари до јуни 2021 година.

Преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас, се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и таа пракса е присутни на тендерите и на централно и на локално ниво.
Иако е незадолжителна, електронската лицитација била применета во 91% од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Совпаѓањето на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, укажува на претходно договарање на институциите со понудувачите.