АЛБАНСКОТО СПЕЦИЈАЛНО ОБВИНИТЕЛСТВО И ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВААТ СО ДЛАБОКАТА КОРУПЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ: ВО ГРАДОТ ЉУШНА ПРИВЕДЕНИ СЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТЕНДЕРИ И ВРАБОТЕНИ АДМИНИСТРАТИВЦИ ВО КАТАСТАРОТ

0
1221

Албанското специјално обвинителство, СПАК ја започна најавената масовна антикорупциска акција. Заедно со припадници на специјалната полициска единица за брзи интервенции и високи полициски службеници, акцијата се спроведува во градот Љушња.

Приведени се 6 лица, а меѓу нив е и градоначалникот Фатос Туше, под сомнение за злоупотреба на тендери. По други 3 лица се трага. Сите тие се дел од општинската администрација, од секторот за катастар.

Антикорупциската операција во општина Лушња доаѓа еден ден по изјавата на првиот човек на СПАК, Арбен Краја кој најави дека ќе има приведени службеници за проневера на јавни фондови во повеќе општини.