АКО АЛБАНЦИ ПРЕГОВАРААТ СО СДСМ, ТОГАШ СЕ ПЛАТЕНИЦИ, АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: СДСМ ЗА ДА ЈА ЗАДРЖИ ВЛАСТА, НА КАСТРИОТ РЕЏЕПИ МУ ПОНУДИ ОЛОВО ПА СРЕБРО, А НА АЛТЕРНАТИВА Ѝ ПОНУДИ САМО СРЕБРО

0
1603

Вечерва се случи катастрофално гостување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа. Изобилуваше со празни тези и клевети поради тоа што СДСМ ја зацврсти власта на централно ниво.

Револтиран од тоа што им пропадна обидот за рушење на Владата на премиерот Заев, Николоски обвини дека СДСМ успеале да најдат начин како прво да го заплашат пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи за да се повлече од барањето за гласање недоверба на Владата и потоа дебело да го наградат.

Исто така остро ја нападна и партијата Алтернатива иако претходно баш ВМРО-ДПМНЕ сакаше да направи фронт со нив против СДСМ. Откако Алтернатива донесе одлука да биде дел од владиното мнозинство на СДСМ, ги етикетираше како платеници на СДСМ, на кои што директно им било понудено сребро за нивната поддршка.

Изгледа во државава, ВМРО-ДПМНЕ е партијата на чесните политичари а сите лоши потези ги прават СДСМ и албанските партии. Баш слушавме за “демократското” делување на ВМРО-ДПМНЕ во аудио бомбите од Заев.

Веќе видовме дека баш тој вмровски режим со груевизмот ја направи Македонија заробена држава, дипломатски изолирана и во очајна економска состојба.