AA ДО ВМРО-ДПМНЕ : ЗА ЖАЛЕЊЕ СТЕ, ЗАГЛАВЕНИ СТЕ ВО МИНАТИОТ ВЕК, ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДОМИНАЦИЈА НА ЕДЕН ЕТНИКУМ

0
383

Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата, но решението што го нуди овој политички субјект во однос на преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти, велат од Алијанса за Албанците.

„Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54 отсто, а Албанците 30 отсто и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90 отсто. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење“, велат од АА. Од партијата на Арбен Таравари велат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што им припаѓа.