Thursday, May 8, 2025
18.8 C
Skopje

ЉАТИФИ АЗИЗИ: ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОМОШ НА МЛАДИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОДОБРЕНИ СЕ ИЗМЕНИТЕ НА ЗЛС СО ШТО ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Почитувани,

Денес Владата ја одржа 77-та седница на која се донесија неколку значајни одлуки во интерес на граѓаните.

На седницата беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2025 година преку министерството за социјална политика, демографија и млади.

Преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти од областа на младите, на младинските организации во износ не поголема од 300.000 денари.

Проектите и апликациите треба да се насочени кон следните приоритетни цели и тоа:

зајакнување на влијанието на младите во сите процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво врз основа на соодветна правна рамка;
препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите;
оспособување на младите со знаења и вештини за медиумска и дигитална писменост кои препознаваат дезинформации и ги артикулираат сопствените интереси и ставови како активни граѓани во општеството со развиена критичка свест;
зголемување на свеста и имплементација на мерки за намалување на врсничко насилство, родово базирано насилство, сајбер безбедност и дигитална хигиена во рамките на образовните институции и
креирање на иновативни решенија за намалување на невработеноста на младите и промоција на мерки за самовработување и претприемништво.
Се со цел да се запази транспарентноста, ќе се објави јавен повик при што претставници од министерството и Генералниот секретаријат ќе ги разгледуваат апликациите и проектите, додека пак распределба на средствата ќе се врши согласно правилник за распределба.

Исто така, Владата го одобри предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа. По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност.

Почитувани граѓани,

Владата продолжува да работи посветено и одговорно за вас. Ние се обврзавме на реформи, промени и проекти, тоа и го испорачуваме.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

РОБЕРТ ПРЕВОСТ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ КАКО ПАПА ЛЕО XIV

Американскиот кардинал Роберт Превост денеска беше избран за нов...

БЕЛ ЧАД ВО ВАТИКАН, ИЗБРАН Е НОВ ПАПА

Бел чад се појави од оџакот на Систинската капела,...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската...

ПРЕНЏОВ: ДУИ Е ПАРТИЈА БАЗИРАНА НА ШИРЕЊЕ НЕТРПЕЛИВОСТ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

На денешната седница на Комисијата за политички систем и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ