ШОКАНТНО: ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ГЛИГОР ТАШКОВИЌ ПОВРЗАН СО ИЗМАМА ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЊУЈОРК ЗА ПРОДАЖБА НА ФАЛЦ МЕДИЦИНСКИ МАСКИ ПРОТИВ КОРОНА

0
519

Неколкумина лица, меѓу кои и министер од Македонија се вмешани во злоупотреби на мултимилионска набавка на заштитни маски за потребите на градот Њујорк, пишува Њујорк Тајмс.

Според весникот, глава на операцијата бил извесен продавач на половни автомобили, а учествувале и поранешен министер во македонската влада и раководител на фирма која имала намера да се занимава со производство на електрична енергија од медицински отпад.

Продавачот на автомобилите Роналд Романо се претставувал како застапник на брендот за заштитни маски „3М“ и на градските власти во Њујорк им понудил 7 милиони маски но по цена 400 пати повисока отколку реалната.

Заштитни маски кои очајно ѝ биле потребни на општинската управа на Њујорк за да ги обезбеди медицински работници, полицијата и останатите служби, требало да бидат платени за сума од 45 милиони американски долари.

Како што пишува весникот, препродавачот на автомобилите Роналд Романо е веќе уапсен и се товари за две други криминални дејствија поврзани со електронско-финансиски измами.

Во обвинението против Романо напишано на 25 страници се споменуваат и други лица кои се поврзани со неговите зделки, но тие не се посочени со име и презиме. Сепак, врз основа на бројните податоци од обвинението, доброупатен извор од истрагата, на новинарот од Њујорк Тајмс им го обелоденил идентитетот на осомничените.

„Едно лице идентификувано како соработник врз база на добиените детали од обвинението е Глигор Ташковиќ, поранешен министер за странски инвестиции на Македонија, кој има работено во финансиската индустрија, а сега според неговиот Линкдин профил работи во Д.А. Интернешенл Груп“, пишува Њујорк Тајмс.

Според медиумот, Ташковиќ бил инволвиран во комуникацијата со Романо поврзана со продажбата на заштитните маски кон општинските власти на Њујорк.

„На 24 март, Ташковиќ испратил мејл до Романо со наслов ’Размислувања за порачката на Градот Њујорк‘ во која меѓу другото напишал ’ова ќе биде тајниот зачин со кој ќе стекнеме предност‘“, се вели во текстот на Њујорк Тајмс

Според адвокатот Адам С. Кофман, неговиот клиент Ташковиќ не е дел од никаква незаконска шема. Тој вели дека Ташковиќ доброволно соработувал со истражните власти обезбедувајќи им информации и материјали.

„Ташковиќ му верувал на бескрупулозен добавувач со кого се запознал преку близок пријател. Ташковиќ се откажал од зделката кога добавувачот одбил да ги даде побараните информации, а тоа се случило пред да биде направена каква било финансиска трансакција“, вели Кофман.

Ташковиќ беше министер за привлекување на странски инвестиции во периодот од 2006-2008 година во Кабинетот на Никола Груевски. Од 2017 до 2019 година беше член на Комитетот за одобрување инвестици на Фондот за иновации и технолошки развој.