(ВИДЕО) БРАВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ЦАРИНА, ТАКА ТРЕБИТ : НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА ЗАПЛЕНЕТИ 130 КИЛОГРАМИ ДРОГА КОЈА ЈА НА ПАЗАРОТ ЧИНИ 400.000 ЕВРА

0
1230

Денес на царината на граничниот премин Богородица се запленети 130 килограми марихуана, која е проценета во вредност од 400 илјади евра. Дрогата која била запленета била откриена во товарно возило од 37 годишен наркодилер инаку државјанин на Албанија кој пријавил празно возило и исто така дека поаѓал на пат кон Турција каде што требало да направи утовар на стока.

Цариниците на граничниот премин Богородица одлучиле да направат детална контрола на возилото при што утврдиле дека времето на задржување на камионот во нашата земја било подолго од вообичаеното време потребно за еден транспорт.

Оваа година царината заплени уште и 310 килограми марихуана при што ова е втор случај на обид за шверц на дрога на влезот во Македонија.

Видео – Сител