7 знаци дека живееш во една од најразвиените економии во светот

0
1652

Како што објавија некои апсолутно непристрасни медиуми Македонија е една од најразвиените економии. Како еден од нашите највредни производи за извоз се истакнуваат младите кадри кои ги извезуваме во главно во Западна Европа, но се отвараат и пазарите на Блискиот Исток. Па како е да се живее во една од најразвиените економии на светот? Еве ги знаците кои ќе ти укажат на тоа.

1. Невработен си

А зошто и би работел? Нека рмбаат швеѓани и германци кои тука доаѓаат да го остварат својот емигрантски сон и успат да им пратат некој денар на своите родители во матичните земји кои едвај преживуваат со нивните скромни пензии. Невработен си затоа што си хуман и сакаш да им помагаш на овие кутри луѓе. Нека работа, нека преживеат и тие се души.

26b0233f8be4174f42f79cdeb2b72911

Германци бараат работа пред македонската амбасада во Берлин

2. Чекаш оброк од кладилницата

Што е драстично зголемување на стандардот отколку да чекаш оброк пред народна кујна. Вака ти се бориш да ставиш леб и паштета на трпезата не чекаш некој да ти даде. Некојпат ќе има леб и паштета, некогаш па ќе се собере и за паризер сечен на танко! Животот е тркало. Како тркалото на рулет каде што го изгуби сатот од татко ти.

3. Повеќето од другарите ти се на Скајп отколку во земјава

Убаво е што твоите другари се решил да прават хумани дела па заминале на хуманитарни мисии низ Норвешка, Данска, Франција, Германија и секаде низ светот каде што нивната помош е потребна! Иако ги гледаш само на Скајп или на Фејсбук сепак ти е мило што нив им е полна и нахранета душата од духовната сила која ја дава помагањето на послабите и кревките.

4. Живееш со твоите иако имаш 40 години

И ти ако останеш тука можеш да си хуманитарец. Покрај што не работиш за да можат да работат Германците и Швеѓаните ти си тука и како морална и физичка поткрепа на твоите родители кои за тоа ти возвраќаат со материјална и поддршка во храна затоа што би умрел без нивната помош. Убаво е човек да се грижи за оние кои му дале живот, по можност до 60-тата година, а потоа да се осамостои.

268d83ad2757d21cdd8e4a04cac7d80a

5. Сакаш да заминеш

Срцето ти се крши кога гледаш како се живее во ЕУ економиите кои се подолу од Македонија на Дуинг Бизнис. Немаштија, тага, болка, политичка и економска нестабилност, глад, разочараност! Се би дал, па дури би зел и бугарски пасош само да одеш да им помогнеш повторно да ги изградат нивните живот и да живеат пристојно.

6. Немаш реновирано дома од 1988-ма

Целата електроника ти е од земја постои само во привремената референца за Македонија. За Југославија зборуваме. И мебелот ти е од фабрики кои одамна пропаднале заедно со нивните вработени. Но и не мора да реновираш! Со тек на време во тие предмети се собрале спомени, а и духот ти е таков да си скромен. Еден покрив да се има над глава, ако го нема и тоа не е страшно, барем ќе е топла зимава.

7. Цело семејство живеете со платата на баба ти

Другите пари ги праќате на едно сиромашно семејство во Холандија каде што школувате мало холанѓанче кое има сон еден ден да биде доктор и да се пресели во Виница. За 18-тиот роденден му припремата изненадување – гарсоњера во Виница.

Мојо.Мк