Со задоволство можам да објавам дека и оваа година успешно го реализиравме проектот за бесплатна ученичка униформа за секој ученик од општинските основни училишта во Гази Баба. 6800 ученици добија сет од две поло маици, една блуза со долк ракав и еден дуксер.
Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на моето ветување од изборната кампања во кое пред Вас граѓаните ветив дека во мојот мандат секој ученик ќе добива бесплатна училишна униформа и денес тоа е реалност. Среќен сум и слободно можам да кажам дека со овој проект ги ослободуваме децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар. – Бобан Стефковски, Градоначалник на Гази Баба.