(ВИДЕО) БЕСА: Невиден парадокс – Се намалува бројот на населението а се зголемува бројот на гласачите!

0
1278

Во Македонија се случува еден невиден парадокс ниту во некоја земја во Европа ниту во светот. Во општините населени со Албанци се забележува постојан пораст на населението, додека од друга страна има намалување на бројот на гласачи. Од друга страна, општините населени само со Македонци бележат постојан пораст на смртноста (морталитетот), меѓутоа од друга страна се зголемува бројот на гласачи, велат од БЕСА.

Оттаму ги наведуваат следниве примери:

tabela1

– Овие тенденции се целосно во спротивност не само со статистичките основни правила, но и со здравата логика. Се знае дека во општините населени со Албанци, поради високото ниво на наталитет, тоа се должи на поголемиот процент на млади луѓе во споредба со општините каде што процентот на наталитет е понизок, односно општини кои претежно се населени со Македонци. Затоа, логично е во секој нов изборен циклус да има и зголемување на бројот на гласачите во општините во кои има висока стапка на наталитет, во овој случај бројот на Албанските гласачи, поради тоа што голем број на млади луѓе наполнуваат 18 години и добиваат право на глас. Меѓутоа, во Македонија се случува спротивното, парадокс кој нѐ присилува да се сомневаме дека се подготвува манипулација на следните избори. Овој парадокс е резултат на неспособноста на албанската владејачка партија да го стави во нормален пат функционирањето на Државниот завод за статистика, Државната изборна комисија и другите институции кои имаат надлежност во оваа област, како МВР и Министерството за правда – велат од БЕСА.

За овој парадоксален феномен, Движењето БЕСА ќе ги извести дипломатските претставници во Скопје, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и другите меѓународни и локални организации кои ги следат изборите.

– Мисијата која ја имаме земено во политичката сцена не обврзува да ги ангажираме сите оние кои имаат способност за да ја спречиме девалвацијата на албанскиот глас. Тие кои направија сценарија за да се манипулира со албанскиот глас, на 11-ти декември ќе се убедат дека Движењето БЕСА нема да дозволи такво нешто. Оваа не е само наша обврска, но и обврска на секој Албанец, затоа ве повикуваме за зголемување на мобилноста на денот на изборите за да спречиме било каква манипулација – додаваат од БЕСА.