„Окото на градот“ – прва самостојна изложба на фотографии од Барлакоски Божидар

0
1572

Прилепскиот фотограф Божидар Барлакоски вечер ќе ја отвори својата прва самостојна изложба во Скопје, во „Јавна соба“.

Насловена „Окото на градот“ содржи 37 фотографии, кои се многупати наградувани на домашни и меѓународни конкурси.

„Погледнете ја урбаната средина низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот. Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, се вели во повикот за настанот.

Изложбата ќе биде отворена и во наредните неколку денови, а е од продажен карактер.

Фотографиите на Барлакоски кои ќе бидат изложени на изложбата можете да ги погледнете на следниот линк ОВДЕ

urban-geometry-5000-denari