Лани на овој ден, кој е и роденден на син ми значи по дифолт убав ден бев крвнички претепан од бандата од Автокоманда пред кафе барот Библиотека во близина на ноќниот клуб Балет.
Една година потоа.
Последици физички немам зацелија раните, останаа неколку знаци да ме потсетуваат, и да омразата кон нарачателите, власта во оваа држава. Да се разбереме не се тоа неколку бараби кои беа толку глупави па ме нападнаа без маски и камерите ги снимија, туку оној волот кој се изнервира што го објавив како шета со швалерката, ај бар да беше убава по Грција, нејсе, омразата останува и КАД ТАД освета се сервира ладна.
Една година потоа, народецов спие, власта се задолжува све је исто и њега има, нас ќе не снема.
Жал ми е искрено ако се остане така, во оваа држава и нашите жртви бидат бесцелни, ама народот е во право и кога греши рече БЦ и остана жив, а живи се и неговите идолопоклоници, затоа и можеби не не бива оти не ја сменивме матрицата или не сме во право ие бе, овој народ сака Ердогани, ебеш го не сум свесен зошто ви се доволни 200 евра за да бидете верни на злото, не разбирам и нејќам да разберам, нејќам ДА ВЕ РАЗБЕРАМ.
Борбата продолжува секој со својата мака, како беше секој си плаче на својот гроб а не теши убиецот, до кога? И ќе не има ли мохиканци, ќе има ли кој да ги врати долговите…?
ДА СЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА тие ќе ги враќаат нашите задолженија.
Овој ден за мене ќе продолжи да биде најубав, роденденот на мојот син единец, не се давам!
Марјан Стаменковски уредник и новинар на порталот Доказ.мк