Студентскиот пленум на Фејсбук објави видео од гласачките кутии од гласањето за претседател на СПУКМ.
„Погледнете како СПУКМ ги краде изборните кутии од избирачките места! Според статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно“, напишаа од Студентски пленум.
Претходно од пленумот на Фејсбук ја објавија оваа фотографија.