Фудбалерите на ПСЖ триумфираа и во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал овојпат во Париз со 2:1. Така, париските „светци“ со вкупен резултат 3:1 обезбедија пласман во финалето, нивно второ во својата клупска историја во ова елитно клупско натпреварување.
Французите водеа после првото полувреме со погодокот на Руиз во 27 минута. Во 69 минута домаќините не реализираа пенал преку Витиња, но само 180 секунди подоцна дојде нивниот втор гол кој беше дело на Хакими по асистенцијата на Дембеле.
До крајот на мечот англискиот претставник успеа само да ја ублажи елиминацијата во 76 минута преку Сака. Финалето во ЛШ ќе се игра на 31 мај во Минхен, Германија, тимот на ПСЖ ќе се сретне против Интер кој во првото полуфинале беше подобар од Барселона.