30 дена притвор за 10 дрвокрадци што нападнаа полицајци

0
735

Судот во Прилеп, на предлог на јавното обвинителство им одреди 30 дена притвор на десетмината дрвокрадци кои нападнаа полициски службеници на патот Велес- Прилеп, дознаваме од наши извори.

Петмина полициски службеници кои преземаа мерки против дрвокрадците беа повредени, а еден полициски командир се уште е во сериозна состојба во клиничкиот центар во Скопје.