3 совети за здрави бубрези

0
2297

Бубрезите играат важна улога во елиминирањето на токсините од нашето тело – крвта во бубрезите се филтрира и од неа се отстрануваат штетните состојки, вишокот на сол и течностите. Така прочистената крв си оди од бубрезите преку бубрежната вена. Кога бубрезите ќе станат преоптоварени со токсини, може да се јави болест на бубрезите и на мочниот меур. За да бидат во оптималкна функција и да придонесуваат за здравјето на целиот организам, следете ги овие едноставни совети: 

1. Пијте вода. Водата им помага на бубрезите во елиминирањето на токсините и го спречува настанувањето на бубрежни камчиња и инфекции, додека дехидрацијата го зголемува ризикот од тегоби со бубрезите за 20 отсто. За да вклучите повеќе вода во дневната рутина, носете си со себе шишенце вода – така ќе се сетите да се напиете и во ситуации кога инаку не ви е при рака.

2. Не заборавајте на јогурт и на млеко. Високиот крвен притисок може да ги оштети малите крвни жили во бубрезите па тие не можат да го филтрираат отпадот од крвта онака како што би требало. Погрижете се за крвниот притисок на тој начин што на менито ќе вклучите две шолји јогурт и чаша млеко дневно. Неколку истражувања потврдиле дека нискомасните млечни производи го намалуваат крвниот притисок.

3. Намалете го внесувањето на сол. Исхраната што се темели на внесување на солена храна го зголемува ризикот од бубрежни камчиња, зашто премногу сол доведува до собирање на калциум во бубрезите, а не во коските па тогаш и ризикот од настанување бубрежни камења е поголем. Јадете помалку преработена храна, а солта заменете ја со зачински билки.