Полицијата го уапси 26-годишниот Луиџи Манџионе, кој е поврзан со убиството на извршниот директор на United Healthcare, Брајан Томпсон.
Инспекторите кај 26-годишниот Луиџи Манџионе од централна Пенсилванија пронашле огнено оружје слично на она што било употребено во минатонеделното пукање во Њујорк, соопштија извори на Ен-би-си.
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс претходно информираше дека е идентификуван осомничениот за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелт (United Health), Брајан Томпсон, објави „Њујорк пост“.
Адамс изјави дека истрагата напредува, но одби да го открие името на осомничениот.
Инаку извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, најголемата здравствена компанија во САД беше застрелан и убиен минатата недела во како што рече полицијата “дрзок и насочен напад” надвор од хотелот во Менхетен, каде што компанијата за здравственото осигурување одржувала конференција за инвеститори.