Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

26 ГОДИШНИК ОД КОСОВО СО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ВОЛВО, НА ПАТОТ КОН БЛАЦЕ СИ ПОИГРУВАЛ И ИМ ГО ПРЕСЕКОЛ ПАТОТ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне, наведено е во соопштението на Јавното обвинителство. Вистинска драма се одвивала вчера на регионалниот пат Скопје-ГП Блаце кога косовски државјанин со својот автомобил се обидел и успеал во намерата да спречи полициска екипа да запре камион.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило ‘мерцедес спринтер’.

Косовскиот државјанин, со автомобил ‘волво’ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне“, наведено е во соопштението. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ