Кучињата лаат, Љупче и Фросе си врват!

0
1867

Дека работите во ВМРО одат од лошо на полошо сите знаеме. Дека се мизерни политичари и нестабилни луѓе и тоа ни е познато. Но влезот на СДСМ во МВР и Социјала со министри, дополнително со заменик министерските места во 3 ресора ги измести работите од конфорт зоната на вмровците.

ljupco-frosina

Масовна паника владее во штабот што некогаш беше синоним за сигурни победи. Се прават притисоци, се вртат телефони.. одново и одново се креираат приоритетни листи. Сите само што не се вработиле. Победата во Април им е гарантирана а изразите на лицата им тажни, замислени. Го слушаат Премиерот, се лажат себе си. Па одат дома плачат. Се лигават кај некои симпатизери на СДСМ дека не ја бивало, па си ги дават жените на користење во партија, си кукулекат дека некое си старо членство не било задоволно, дека ќе ги казнело, дека не било згрижено…па одново се враќаат на екстазите што им ги даваат по партијата да се силат, тешат. Нестабилни психолошки случаеви, пациенти со креирана паралелна реалност. Не сечена лепена. Нивна измислена реалност. Залепена да се им е идеално во нивните мизерни светови.
Се надеваат сиротите дека Никола непопусливиот нема да попуши и дека знае што прави, нели Никола им ветува голема победа. А Никола човек од збор! Нит избори ќе има, нити преодна влада ќе има, ни па ВМРО ќе дозволи министри од СДСМ додека е Никола тука. Што вети, оствари. Ене ги кај се…5000 вработени во Ранковци. Врие од народ. Луѓево парите незнаат што да ги праат. Место иселување на младите, почнаа масовно да ни доаѓаат луѓе од Германија, Финска и Данска. Епа што? Дуинг бизнис бре луѓе, бизнис ориентед 5 %, ама негошабл. Не ко Миле текнувало.

Ама нешто ги мачи, нешто не им е како порано. Си имаат мака луѓево. Наидоа на тврд орев. Наидоа на противник што нит можат да го купат, ни па да го победат. Пробаа со разни методи, по подржикоњската со криминалните афери уцени не пројде, човеков нема афери. Пробаа по бранкова метода со црна медиумска кампања и тоа не пројде. Човекот силен ко лав. Лав у кој толку многу се колнат луѓево. Воедно мозок, мозок на партијата која веројатно ќе биде власт од Април. Првиот човек до Заев. Оној со кого З. мина непреспани ноќи работејќи за ова мало парче слобода што го добивме денес, а ќе работат уште. Целта е победа. Победа над режимот. Победа над лудоста, лакомоста и криминалот.
Наидоа вмровците и на одлучна меѓународна заедница која ги фрли дипломатските ракавици и наметна боксерски. Удираше јако и директно. Го нокаутираше Никола. Боксерот Никола. Никола кој е во заминување заедно со неговите најблиски. И тоа не заминување ко што најчесто се случува во нашиот крај за парче леб во туѓина, туку ќе замине еднаш засекогаш од политичката сцена. Веројатно со еден куп обвиненија па ако е и доволно за него несреќен за сите нас среќен во правец кон Идризово. Ваква е ситуацијата во Македонија, а во Крива Паланка работите се уште по драматични за тесното профитерско раководство во градот.
Замислете, она што до сега се трудеа преку разни задник лижења одредени познати хулигани и корисници на лесни дроги да изградат име за себе, да бидат нешто во градот им успеа на нивните најголеми кошмар непријатели. Фросе и Љупче. Им успеа со работа и труд, Од никаде. Од нула. Никому должни, никому борчни. Двајцата чисти ко солза, искрени чесни.. способни и одлучни.. професионалци. Луѓе со сите нишани. Луѓе за големи нешта. Двајцата неуспешно оцрнети со гнасни текстови во еден огледало портал на состојбите во медиумите денес. Слика и прилика каков монструм има креирано режимското владеење на Никола. Инфомакс. Нека свети името. Ќе го има веројатно и по учебниците за новинарство. Како не треба да изгледа еден веб портал.
Тоа ги мачи вмровците од Крива Паланка. Знаат дека бегање нема. Знаат со кого и како си имаат работа. Затоа и дискредитираат, спинуваат измислуваат и дрско лажат. Ама нека им стои. Нека стои уште малце. Знаат граѓаните од Крива Паланка дека конечно над Македонија се раѓа ново сонце на слободата, а над Крива Паланка се раѓа нова надеж. Надеж во овие способни млади и амбициозни професионалци. Надеж за спас на овој град соочен со амбис и безнадежност. Надеж за враќање на младите, надеж за сигурна иднина за младите и старите.
И сега по една стара мудрост што вика кучињата ќе си лаат… јас би рекол Љупче и Фросе ќе си врват! А кој што си дробел тоа ќе си срка.

Загрижен граѓанин