Функционери од ДПМНЕ Кр.Паланка на криминален начин си обезбедиле дрва за огрев по багателна цена

0
1027

За обичниот граѓанин нема дрва за огрев  а за вмровските функционери не само што се наоѓаат веднаш туку и се плаќаат по смешна цена.

Дојде и ноември а сеуште е голем бројот на граѓани на Крива Паланка кои мака мачат како да се снабдат со огревно дрво.

Хаосот што го направи државното претпријатие “Македонски шуми” и давањето на концесии за сеча на фирми од други општини, предизвика вештачка криза за дрва од која поединци од власта  профитираа добро.

Но, ако за поголемиот дел од населението оваа криза предизвика дополнителни нервози и главоболки, една мала група на актуелни локални функционери од власта на криминален начин дошла до огревно дрво по багателна, да не кажеме смешна цена.

Групата разработила сценарио преку кое злоупотребила здружение на бранители застапувано од локален вмровски активист и вработен во подрачна единица на една државна институција, познат како Коста -“Комита”.

Од името на ова здружение на бранители било побарано и одобрено од “Македонски шуми”десетици камиони огревно дрво, по намалена цена. Но наместо кај членовите односно вистинските бранители, тие завршиле во дворовите на членовите на оваа криминална група составена од високи вмровски функционери од Крива Паланка.

11215786_755856441208797_9154203083824619785_n

12189681_755856394542135_5203073433361070868_n

Патриотски, нема што.

Наскоро целата група ќе биде обелоденета и веруваме дека органите на прогонот наместо да го штитат ќе почнат конечно да го гонат криминалот кој е евидентен и за кој знае целата општина.