24ВЕСТИ со жестока реакција до Центарот за „перење мозоци“ на ДПМНЕ: Десетината соопштенија се манипулација и етикетирање дека „сите медиуми се исти – дека се партиски“!

0
382

Телевизија 24 Вести објави соопштение за притисоците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме интегрално:

„На почетокот помисливме дека соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ се инцидентен хир на политичка партија која навикнала во општеството – се’, па и новинарството, да е скроено според нејзините стандарди и сфаќања.

Сега, по 10-тина соопштенија до јавноста од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, по секојдневното ревносно броење и пребројување секунди и стотинки за тоа колку програмски простор сме дале на власта, а колку на опозицијата, според овие нивни, а во медиумскиот свет уникатнии мерила, како и со „спортското“ рангирање на местото на телевизијата во очите на партијата, констатираме дека станува збор за:

– партиска хајка спрема „24 Вести“ ;
– притисок врз нашата уредувачката политика ;
– обид за девалвирање на професионалните и етички стандарди ; и
– манипулација и етикетирање дека „сите медиуми се исти – дека се партиски“.

Но не. Ние не сме исти. И токму затоа и овие редови не се порака ниту до оваа, ниту до која било политичка партија. Со овие неколку реченици само ги потсетуваме нашите гледачи: Вратата на нашето студио отсекогаш, еве и сега, била и е постојано отворена за претставниците на власта.

Тука, во нивното игнорирање на нашите секојдневни покани се и нивните илјадници пропуштени секунди со што директно го прават дисбалансот со кој сега оттаму манипулираат.

За крај затоа, без оглед на се’, телевизија „24 Вести“ ќе остане доследна на нивните очекувања од нас. Ќе останеме професионално објективни, принципиелни и еднакви кон сите случувања од јавен интерес.

Остануваме на нашето мото: ДОВЕРБАТА ПРЕД СЕ’!“, порачува телевизијата.