Friday, June 20, 2025
33.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ФЕР ТРЕТМАН: УМОРНИ СМЕ ОД ПОСТОЈАНИТЕ БЛОКАДИ НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција.

Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање.

„Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општетство на демократски вредности, владеење на право, човекови права и добрососедство. Ќе се согласиме, не сите земи членки и не секогаш се однесуваат во европскиот дух. Денес во разговорите побарав фер третман, доследност. Европа да покаже лидерство кое ќе донесе нешто вредно за граѓаните во реалност. Да се врати вербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека ЕУ не е затворена, туку за нас е жива визја, заедница на вредности. Денес не само што зборувавме за реформии, туку ги живееме тие реформи. Веруваме во европскиот сон и бараме да биде достапен за сите“, рече Мицкоски.

Тој изрази верување дека иднината е на нашата страна. Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да можеме да сметаме на Европа, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас.

Премиерот ја повтори подготвеноста на земјата да прифати медијација за разговори со Бугарија, како и решителноста да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено.

„Уморни сме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања“, изјави премиерот.

Тој рече рече и дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот, со што во присуство на меѓународната заедница би биле слушнати аргументите од двете страни.

Калас порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и треба да ги преземе чекорите за почеток на преговорите. Го пофали усогласувањето со надворешната политика на Унијата, а во однос на механизмите со кои би се деблокирал процесот на преговорите, не сакаше да открие детали. Унијата верува дека планот „А“ за македонските евроинтеграции ќе функционира, истакна таа, прашана зошто за Македонија нема план „Б“, а има за Украина.

Извор : Макфакс

ОВАА НЕДЕЛА

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОЧЕКУВА НАЈУБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ