20 факти кои ќе ви докажат дека Велика Британија е навистина голема!

0
2511
Обединетото Кралство во светски рамки претставува приказна за себе, и иако сите атракции и знаменитости не би можеле да ги сместиме ниту на подолг список, ние овојпат избравме 20 нешта кои автоматски нè асоцираат на оваа прекрасна земја.

Ви донесуваме повеќе причини поради кои Велика Британија, односно Обединетото Кралство е навистина прекрасна земја!

Кралското семејство, уникатните црни такси возила, црвените говорници, пабовите, англискиот чај… Ова е само мал дел од сето она поради што Британците заземаат високо место во изборот на најдобра земја на светот.

Одлична поврзаност – Од Лондон до Единбург би требаат само неколку часа.

Прекрасно крајбрежје – Вкупната должина на крајбрежјето изнесува нешто повеќе од 30 илјади километри.

Кралско семејство – Го имаат и многу други земји, но на Англичаните дефинитивно најдобро им прилега.

Замоци – На островот ги има повеќе од 1.500.

Знаменитости – Биг Бен, Бакингемска палата, Вестминстерска палата…

Лондонското метро – Годишно превезува повеќе од милијарда патници.

Црвени телефонски говорници – Иако во денешно време сите употребуваат мобилни телефони, повеќе од 14.000 се “расфрлени” ширум земјата.

Црно такси – За да станете такси возач во Лондон, потребни се две до три години минати во учење и обука.

Вилијам Шекспир – Дали треба да додадеме уште нешто?

Дракула – Трансилванскиот гроф никогаш не би станал славен ако неговиот живот не го вдахнал токму Брам Стокер.

Хари Потер – Малиот волшебник којшто го освои светот е дело на Џ.К.Роулинг.

Бонд, Џејмс Бонд – Најпознатиот таен агент е креиран од страна на Јан Флеминг.

Смешни имиња на населби – Cockermouth, Fannyfield, Ramsbottom…

Премиер лига – Најдобра фудбалска лига на светот.

Пабови – Неверојатни 48 илјади се сместени ширум целата земја.

Нагласок и дијалекти – Погледнете го филмот “Snatch” и ќе ви стане сосема јасно за што точно говориме.

Попладневен чај – Прекрасна традиција којашто трае повеќе векови.

Чекање во ред – Во Англија строго се забранува прескокнување на редот за чекање.

Fish&Chips – Секоја година се подготвуваат околу 380 милиони порции од ова популарно јадење.

Пивари – Во Британија работат неверојатни 1.300 пивари.