2 ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 И 4 ГОДИНИ ПОЧИНАА ОД ГРИП, ТОДОРОВ ГЛУВ!!!

0
2125

Според извештајот на Институтот за јавно здравје за последнава недела регистрирани се два смртни случаи поврзани со грип, пренесе Телма.

Станува збор за деца на возраст од 3 и 4 години, едното од Кичево, другото дете е од Гостивар. Тие биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.

Понатаму во извештајот стои дека опаѓа бројот на заболени од грип, но сепак е на многу виско ниво. Во текот на првата недела од 2017 година, пријавени се 8.067 заболени од грип, што претставува намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

Во сезоната 2016/2017, вкупниот број на заболени од грип изнесува 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители.

И оваа недела како и минатата, најголем број заболени е регистриран на територијата на Скопје, а поголем број случаи пријавени се од Струмица, Битола и од Кавадарци.

Од вкупниот број регистрирани случаи на грип/ заболувања слични на грип, 15.073 случаи или 63,2% се пријавени во декември месец, 2,2% во ноември и најмал процент во октомври – 0,7%. Во јануари, за една недела се пријавени 8.067 случаи или 33,8%.

Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на ран почеток на сезоната, а неделниот број и понатаму се одржува над границата на многу висока активност (прв пат по пандемската сезона 2009/2010). Оваа недела, на територија на 15 ЦЈЗ/ПЕ се регистрира многу висока активност. Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимискиот распуст. Иако зимскиот распуст на училишта може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели.