Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

МУРТЕЗАНИ : СТАБИЛЕН КОНТИНУИТЕТ ВО ВКУПНАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА ЗЕМЈАТА, ШТО Е ПОТВРДА ДЕКА ОСТАНУВАМЕ НА СТРАТЕШКАТА ОПРЕДЕЛБА ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше заедничка тематска прес-конференција со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2024 година, како и Пакетот за проширување.
На прес-конференцијата беа претставени главните наоди и оценки за постигнатиот напредок во европското досие на земјата, а МЕП Муртезани потенцираше дека овој Извештај треба да се анализира во контекст на другите извештаи кои ги добивме годинава – т.е. Скрининг извештаите за секој од Кластерите, како и со неодамна усвоената Реформска агенда 2024-2027 година, патоказите за Владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и други релевантни документи. „Подеднакво важно е да се истакне дека приоритетите се хармонизирани со Реформската агенда, односно дека сите документи меѓусебно се поврзани, со цел подобри резултати и синергија токму на приоритетните области.“ – рече Муртезани.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето:

 

Почитувани претставници на медиумите,

На почетокот, дозволете ми да изразам благодарност до ЕУ Амбасадорот, Михалис Рокас и на неговиот тим за посветеноста и поддршката во спроведувањето на процесите на европската интеграција на Северна Македонија. Пакетот за проширување на Европската комисија за 2024 година, кој се состои од Стратегијата за проширување и поединечни извештаи за секоја земја-кандидат, беше објавен на 30 октомври 2024 година. Извештајот го опфаќа периодот од 15 јуни 2023 до 1 септември 2024 година, и како и секогаш, претставува објективен пресек на состојбите и напредокот на реформите, давајќи детален преглед за вкупната подготвеност и напредокот во споредба со претходната година.

Она што би сакал на самиот почеток да го потенцирам е дека овој Извештај треба да се анализира во контекст на другите извештаи кои ги добивме годинава – т.е. Скрининг извештаите за секој од Кластерите*, како и со неодамна усвоената Реформска агенда 2024-2027 година, патоказите за Владеење на правото и реформа на јавната администрација, како и други релевантни документи. Подеднакво важно е да се истакне дека приоритетите се хармонизирани со Реформската агенда, односно дека сите документи меѓусебно се поврзани, со цел подобри резултати и синергија токму на приоритетните области.

Сите овие документи претставуваат одлична основа за дефинирање на реформските приоритети на државата во наредниот период и се основа за работа на Владата, Собранието, администрацијата, но и на сите други општествени чинители со цел да се интензивира динамиката на процесот на интеграција. Министерството за европски прашања, како за секој претходен Извештај и годинава направи првична анализа на оценките на Европската комисија во Извештајот.

Најсимплифицираната квалификација при читањето на Извештајот е дека има напредок и во измината година и во вкупната подготвеност, т.е. дека има благ нагорен тренд. Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2024 година е „добро ниво на подготвеност“, (3,22 во споредба со 3,13 во 2023), и таа е солидна и константна во однос на повеќе години претходно. Во однос на останатите земји-кандидатки од регионот, би напомнал дека нашето ниво на подготвеност е највисоко, што е уште еден показател дека Северна Македонија не само што е подготвена за пристапните преговори, туку компаративната анализа укажува на тоа дека имаме кумулиран напредок.По кластери, исто така има подобрување на подготвеноста за Кластерот 1, во споредба со минатата година, што е позитивно ако се има предвид дека ова е првиот Кластер кој треба да се отвори. Задоволително ниво на подготвеност има и кај Кластер 3, 4 и 6, додека повеќе напори се потребни за понатамошно усогласување во Кластерите 2 и 5.
Од аспект на остварениот напредок, се бележи мал тренд на подобрување во споредба со минатата година (2,82 во споредба со во споредба со 2,76 во 2023 година). Секако треба да се има предвид дека средната оценка се базира на оценките за 43 области, бидејќи тука спаѓаат работата на Собранието, изборите, владеењето, граѓанското општество, но и посебните подрачја од поглавја 23 и 24, кои се оценуваат одделено.
Ова покажува дека и покрај сите предизвици со кои се соочуваме, особено ако се има предвид дека во периодот кој се опфаќа со Извештајот имаше три Влади, сепак може да констатираме дека имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што е потврда дека остануваме на стратешката определба за членство во ЕУ и треба да биде поттик повеќе за сите нас да ги испорачаме потребните реформи.
Во однос на наодите и препораките од Извештајот би се осврнал на неколку сегменти:
  • Во областа на функционални демократски институции се нотира спроведувањето на претседателските и парламентарните избори оваа година во задоволителна атмосфера, но и се укажува на потребата од адресирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Во однос на работата на Собранието се констатира дека се донесе новиот Деловник за работата како дел од Жан Моне процесот, но се укажува на потребата од меѓу-партиската соработка за да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ.
  • Во делот на реформа на јавната администрација, ЕК констатира дека со усвојувањето на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, се обезбедија појасни линии на одговорност, како и обврска за спроведување на проценка на влијанието при создавање нови државни органи и намалување на бројот на примарни буџетски корисници. Ни остануваат обврските за заокружување на процесот на реорганизација и донесување на пакетот закони за администрацијата.
  • Во делот на правосудството, имплементацијата на новата Стратегија за реформи во правосудниот сектор и на препораките на оценската мисија за Судскиот совет и зајакнувањето на човечките ресурси во овој сектор.
  • Во делот на борбата против корупцијата, констатацијата е дека ова е главен приоритет на Владата и иако институционалната рамка е воспоставена и ефикасна во однос на превенцијата, потребни се напори за понатамошно јакнење на капацитетите на институциите спроведување на законот, донесување на нов Кривичен законик согласно стандардите на ЕУ и подобрено спроведување на Стратегијата за спречување на корупција.
  • Во однос на борбата со организиран криминал постигнат е напредок во областа на конфискацијата со понатамошно усогласување на законодавството со правната рамка на ЕУ, но и во вој случај потребно е подобра ефикасност во гонењето и пресудите на случаите на организиран криминал и јакнење на капацитетите на надлежните институции.
  • Земјата продолжува да ги исполнува своите обврски во делот на човековите права, законската рамка е делумно усогласена со правото и стандардите на ЕУ, но законодавството треба да се спроведува на систематски начин. Особено фокус треба да се стави на подобрување на состојбите во затворите, јакнење на капацитетите на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и заштита на ранливите категории. Во делот на слобода на медиуми, приоритетите треба да се насочат кон понатамошно усогласување на правната рамка, именувањето на членовите на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на националната телевизија.
  • Во однос на економските критериуми, во континуитет  одржуваме добро ново на подготвеност и напредок како предуслов за функционална пазарна економија.
За крај, би сакал да нагласам, па макар се повторувал: Извештајот се објавува во еден ден, но неговото читање трае 365 дена, зашто тој не е само оценка за нашите досегашни активности, туку и патоказ за следните чекори на нашиот европски пат.

Клучниот момент е како да ги интегрираме овие насоки во нашите политички и економски стратегии. Ова е предизвик кој го прифаќаме со одговорност и решителност. Ние сме свесни дека успехот на европското досие зависи од заедничките напори — од Владата, преку Собранието, до граѓанскиот сектор. Преку соработка и отворен дијалог, како основа на нашите напори за унапредување на нашата европска иднина. Само така сонот за членство во Европската Унија може да стане реалност.

Јас, како главен преговарач со Европската Унија и стручните служби во Министерството за европски прашања, остануваме цврсто посветени на континуиранот развој на нашите капацитети и реализација на стратешките цели на Северна Македонија.

Благодарам.
———————————————————————————
Murtezani: Vazhdimësi e qëndrueshme në përgatitjen e përgjithshme të vendit, që është dëshmi se ne mbetemi në përcaktimin strategjik për anëtarësim në BE
Ministri për Çështjet Evropiane, Orhan Murtezani, sot mbajti pres-konferencë të përbashkët tematike me ambasadorin dhe shefin e Delegacionit të Bashkimit Evropian në Shkup, Mihalis Rokas, me rastin e publikimit të Raportit të Komisionit Evropian për Maqedoninë e Veriut për vitin 2024, si dhe Pakon e Zgjerimit.
Në pres – konferencën, u prezantuan gjetjet dhe vlerësimet kryesore për progresin e arritur në dosjen evropiane të vendit, kurse MÇE Orhan Murtazani theksoi se ky Raport duhet të analizohet në kontekst të raporteve tjera që kemi pranuar këtë vit – dmth. Skrining raportet për secilin  Klaster, si dhe Agjendën Reformuese të miratuar së fundmi për vitin 2024-2027,  udhërrëfyesit për Sundimin e të drejtës dhe reformat në administratën publike, si dhe dokumente të tjera relevante. Po aq e rëndësishme është të theksohet se prioritetet janë harmonizuar me Agjendën Reformuese, d.m.th. se të gjitha dokumentet janë të lidhura me njëra-tjetrën, me qëllim që të arrihen rezultate dhe sinergji më të mira pikërisht në fushat prioritare,” tha Murtezani.
Në vazhdim është teksti i plotë i fjalimit:

Të dashur përfaqësues të mediave,

Në fillim, më lejoni të shpreh mirënjohjen time Ambasadorit të BE-së, Mihalis Rokas, dhe ekipit të tij për përkushtimin dhe mbështetjen e tyre në zbatimin e proceseve të integrimit evropian të Maqedonisë së Veriut. Pakoja për  zgjerimin e Komisionit Evropian për vitin  2024, e cila  përbëhet  nga Strategjia për Zgjerim dhe raportet individuale për secilin vend kandidat, u publikua më 30 tetor të vitit 2024.  Raporti mbulon periudhën nga 15 qershori i vitit 2023 deri më 1 shtator të vitit  2024, dhe si gjithmonë, paraqet  pasqyrë objektive të gjendjes dhe progresit të reformave, duke ofruar përmbledhje të detajuar të përgatitjes dhe progresit të përgjithshëm në krahasim me vitin e kaluar.

Ajo që dua të theksoj në fillim është se ky Raport duhet të analizohet në kontekst të raporteve të tjera që kemi marrë këtë vit – pra Skrining raportet për secilin prej Klasterëve*, si dhe Agjendën Reformuese për vitin 2024-2027 të miratuar së fundmi, Udhërrëfyesit për Sundimit e së drejtës dhe reforma e administratës publike, si dhe dokumente të tjera relevante. Është po aq e rëndësishme të theksohet se prioritetet janë të harmonizuara me Agjendën Reformuese, pra të gjitha dokumentet janë të ndërlidhura mes veti, në mënyrë që të përmirësohen rezultatet dhe sinergjia në fushat prioritare.

Të gjitha këto dokumente paraqesin bazë të shkëlqyeshme për definimin e prioriteteve reformuese të shtetit në periudhën e ardhshme dhe janë bazë për punën e Qeverisë, Kuvendit, administratës, por edhe dhe për të gjithë faktorët e tjerë shoqërorë, në mënyrë që të intensifikohet dinamika e procesit të integrimit. Ministria për Çështje Evropiane, si për çdo Raport të mëparshëm, edhe këtë vit bëri analizë fillestare të vlerësimeve të Komisionit Evropian në Raportin.

Kualifikimi më i thjeshtuar gjatë leximit të Raportit është se ka progres edhe në vitin e kaluar, ashtu edhe në përgatitjen e përgjithshme, pra ka prirje të lehtë në rritje. Vlerësimi i përgjithshëm i gatishmërisë së vendit për vitin 2024 është “nivel i mirë i përgatitjes” (3.22 krahasuar me 3.13 në vitin 2023), dhe ai është solid dhe konstant krahasuar me shumë vite më parë. Në lidhje me vendet  tjera kandidate të rajonit, do të theksoja se niveli ynë i gatishmërisë është më i larti, që është edhe një tregues tjetër se Maqedonia e Veriut jo vetëm që është e përgatitur për negociatat e aderimit, por analiza krahasuese tregon se kemi progress të akumuluar.

Sipas klasterëve, ka pasur gjithashtu përmirësim të gatishmërisë për Klasterin 1, krahasuar me vitin e kaluar, gjë që është pozitive nëse merret parasysh se ky është Klasteri i parë që duhet të hapet. Nivel të kënaqshëm të përgatitjes ka edhe te Klasterët 3, 4 dhe 6, përderisa nevojiten më shumë përpjekje për harmonizimin e mëtejshëm në Klasterëve 2 dhe 5.

Nga aspekti i progresit të realizuar, po shënohet një trend i vogël përmirësimi, krahasuar me vitin e kaluar (2.82 krahasuar me 2.76 në 2023). Sigurisht, duhet patur parasysh se nota mesatare bazohet në notat për 43 fusha, pasi që këtu përfshihet puna e Kuvendit, zgjedhjet, qeverisja, shoqëria civile, por edhe fushat e veçanta të kapitujve 23 dhe 24, të cilat vlerësohen veçmas.

Kjo tregon se pavarësisht të gjitha sfidave me të cilat përballemi, veçanërisht nëse merret parasysh se në periudhën që përfshihet me Raportin ka pasur tre Qeveri, megjithatë mund të konstatojmë se kemi një vazhdimësi të qëndrueshme në gatishmërinë e përgjithshme të vendit, që është një konfirmim se mbetemi në përcaktimin strategjik për anëtarësim në BE dhe duhet të jetë një nxitje më shumë për të gjithë ne për të realizuar reformat e nevojshme.

Në lidhje me gjetjet dhe rekomandimet e Raportit, do t’i referohesha disa segmenteve:
  • Në fushën e funksionimit të institucioneve demokratike është evidentuar zhvillimi i zgjedhjeve presidenciale dhe parlamentare të këtij viti në një atmosferë të kënaqshme, por gjithashtu theksohet nevoja për të adresuar rekomandimet e OSBE/ODIHR-it dhe Komisionit të Venecias. Në lidhje me punën e Kuvendit, konstatohet miratimi i Rregullores së re për punën si pjesë e procesit të Zhan Mone-së, por theksohet nevoja për bashkëpunim ndërpartiak për të përshpejtuar zbatimin e reformave lidhur me BE-në.
  • Në pjsën e reformës së administratës publike, KE-ja konstaton se  me miratimin e ndryshimeve të Ligjit për Organizimin dhe Punën e Organeve të Administratës Publike u siguruan linja më të qarta përgjegjësie, si dhe detyrimi për të kryer vlerësim të ndikimit gjatë krijimit të organeve të reja shtetërore dhe zvogëlimin e numrit të shfrytëzuesve primar të buxhetit. Na mbesin detyrimet për të përfunduar procesin e riorganizimit dhe për miratimin e  pakos së ligjeve për administratën.
  • Në fushën e drejtësisë, zbatimi i Strategjisë së re për reformat në sektorin gjyqësor dhe rekomandimet e misionit vlerësues për Këshillin Gjyqësor dhe përforcimin e burimeve njerëzore në këtë sektor.
  • Në pjesën e luftës kundër korrupsionit, konstatohet se kjo është një përparësi kryesore e Qeverisë edhe pse korniza institucionale është e vendosur dhe efektive në aspektin e parandalimit, nevojiten përpjekje për të forcuar më tej kapacitetet e institucioneve, zbatimin e ligjit, miratimin e një Kodi të ri Penal në përputhje me standardet e BE-së dhe për të përmirësuar zbatimin e Strategjisë për parandalimin e korrupsionit.
  • Në lidhje me luftën kundër krimit të organizuar, është arritur progres në fushën e konfiskimit me harmonizimin e mëtejshëm të legjislacionit me kornizën ligjore të BE-së, por edhe në këtë rast ka nevojë për efikasitet më të mirë në ndjekjen penale dhe gjykimin e rasteve të krimit të organizuar dhe përforcimin e kapaciteteve të institucioneve kompetente.
  • Vendi vazhdon të përmbushë detyrimet e tij për të drejtat e njeriut, korniza ligjore është pjesërisht në përputhje me ligjin dhe standardet e BE-së, por legjislacioni duhet të zbatohet në mënyrë sistematike. Fokus i veçantë duhet të vihet në përmirësimin e kushteve në burgje, përforcimin e kapaciteteve të Avokatit të Popullit dhe Komisionit për Parandalimin dhe Mbrojtjen e Diskriminimit, si dhe mbrojtjen e kategorive të ndjeshme. Në pjesën  mbi lirinë e medias, përparësitë duhet të përqëndrohen në harmonizimin e mëtejshëm të kornizës ligjore, emërimin e anëtarëve të Këshillit të AVMU-së dhe Këshillit të Programit të televizionit nacional.
  • Lidhur me kriteret ekonomike, në kontinuitet mbajmë nivel të mirë gatishmërie dhe progres si një parakusht për një ekonomi tregu funksionale.
Në fund, dua të theksoj, pra edhe sikur të përsëritem: Raporti publikohet në një ditë, por leximi i tij vazhdon 365 ditë, sepse ai nuk është vetëm vlerësim i aktiviteteve tona të deritanishme, por edhe një udhërrëfyes për hapat e ardhshëm të rrugës sonë evropiane.
Pika kryesore është se si t’i integrojmë këto udhëzime në strategjitë tona politike dhe ekonomike. Kjo është një sfidë që ne e pranojmë me përgjegjësi dhe vendosmëri. Jemi të vetëdijshëm se suksesi i dosjes evropiane varet nga përpjekjet e përbashkëta – nga Qeveria, përmes Kuvendit, deri te sektori civil. Nëpërmjet bashkëpunimit dhe dialogut të hapur, si bazë e përpjekjeve tona përparimin e të ardhmes sonë evropiane. Vetëm në këtë mënyrë ëndrra për  anëtarësim në Bashkimin Evropian mund të bëhet realitet.
Unë, si Kryenegociator me Bashkimin Evropian dhe shërbimet profesionale në Ministrinë për Çështje Evropiane, mbetemi fuqishëm të përkushtuar në zhvillimin e vazhdueshëm të kapaciteteve tona dhe realizimin e qëllimeve strategjike të Maqedonisë së Veriut.
Ju faleminderit!

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ