Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

Целосно укинат притворот за Соња Верушевска и за Бранко Палифров во случајот „Пуч“

Основниот суд Скопје 1 по барање на адвокатите ја укинаа мерката притвор за Соња Верушевска и за Бранко Палифров. Еве што пишува во соопштение на судот:

osnoven-sud-skopje-1-skopje

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите Бранко Палифров и Соња Верушевска, кои се дел од предметот КОК. Бр. 77/15, поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор односно мерката куќен притвор и замена на истата со друга мерка за обезбедување присуство за водење на кривична постапка.

Воедно советот го прифати и предлогот на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за укинување на мерката притвор за двјацата обвинети и определување гаранција и мерки за претпазливост.

Со тоа мерката притвор на обвинетиот Бранко Палифров од Струмица определна со решение на судија на претходна постапка од 31.01.2015 година, а продолжувана со решенија на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корпуција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство спрема претставници на највисоки државни органи од чл. 311 в.в со чл.24 од КЗ; и мерката куќен притвор на обвинетата Соња Верушевска од Скопје определена со решение на Апелациониот суд од 24.07.2015 година поради основано сомение дека сторила кривично дело – Шпионажа од чл. 316 ст.4 в.в со чл 24 се укинуваат.

Се определува гаранција за двајцата обвиени во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им се орпеделува мерка за претпазливост односно одземање на патните исправи за преминување на државната граница.

По правосилноста на ова решение, се наложува на Агенцијата за катастар на недвижности да стави хипотека на недвижниот имот даден како гаранција , а по запишување на имотот, двајцата обвинети да бидат пуштени да се бранат од слобода.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ