✅АСФАЛТИРАНА УЛИЦА 12 ВО ЈУРУМЛЕРИ.
👇Утрово направив увид на градежните работи за асфалтирање на улица 12 во Јурумлери.
❌Кога за прв пат отидов на оваа улица затекнав кал, прашина, истекување на фекалии и слично, условите за живот приликуваа како во 19 век. Луѓето беа заборавени од општината!
📍Тогаш го дадов моето ветување дека работите ќе ги промениме!
✔️Од денес овие жители имаат нормални услови за живот. Решен е проблемот со каналот, главната улица е асфалтирана, а краците се изградени со павер елементи.
🙌Среќен сум за овие луѓе! Нема повеќе дечињата од ова маало да бидат исмејувани во училиште, затоа што во зимскиот период доаѓале извалкани во кал.
‼️Секој заслужува нормални услови за живот, без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност.
😇Јас сум градоначалник на сите и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат!
#ДелаНаместоЗборови
#ГраѓанитеЗаслужуваат
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.