Проектот ,,Проверка на Факти” индиректно и срамежливо се претвора во ЕДНО РЕЖИМСКО КУКАВИЧКО ЈАЈЦЕ!

0
1907

До скоро време на ,,Народен Глас” беа постирани објавите од истражувачкиот проект на Метаморфозис кој е под покровителство на УСАИД и САД. Проектот ,,Проверка на факти” стана мошне интересно четиво за објава на ,,Народен Глас” како и на поголемита така и на помалите интернет медиуми и има намера да ја анализира и демистифицира режимската пропаганда на владеењето на Груевски во Македонија, да го открива она што Груевски и неговата режимско медиумска плејада го крие под појасот и да го извади на површина целиот шлајм во темелна медиумска анализа за јавното мнение да има поголем увид во лагите кои пропагандните медиумски труби на режимот го кријаат.

Но се би било добро ако во проектот на Метаморфозис не налетавме на интервју од страна на еден режимски мрсул, мрсул и гад кој промени еден куп интернет медиуми од кој еден е БезПардон, Плусинфо и ред други познати медиуми. Во ова лигаво интервју авторот на интервјуто за ,,Проверка на Фактите” акцентира дека помалите медиуми биле блогови и со тоа ова лигаво режимско куртонче од екс редакцијата на режимскиот интернет портал ,,Фаланга”  а во сегашна редакција на ,,Мета” фрла пизма врз неколку портали. Еве што оваа цепеница го запраша да одговори уредникот на Тиме.Мк Игор Трајковски кој патем индиректно одговори дека помалите портали како Народен Глас имаат мала посета и затоа не се ставени на агрегатот на Тиме.Мк што секако не е точно :

Како ги третирате и дали ги агрегирате порталите кои повеќе се блогови, со еден човек во нив. („Доказ“, „Народен глас“, „Мактел“, „Инфомакс“, „Паника.бе“…). Дали имате став за овие веб-производи што се однесува до агрегирање?

Трајковски: Ниеден од овие портали не се агрегира на „Тајм.мк“ освен „Паника.бе“ (Panika.be), кој претежно објавува комични содржини и паравести. Бројот на вработени или активни луѓе во порталот не одлучува ништо. Нас нè интересира колку статии објавуваат, на која тема и колкава им е посетеноста.

Сме читале надуени интервјуа, ама вакво срамно и деградирачко интервју во медиумскиот етер немало, додека Македонија има проблем со медиумите овие 2 надуени фукари промовираат медумски етики и правила за индексирања, делат памет и слично. Најпрво порталот ,,Народен Глас” е таков каков што е и како таков има одличен број на посети дневно и месечно, посети од кој дневно се прават по 10.000 а месечно од 250.000 до 300.000 посети, и секако тоа може лесно да се провери од аналитиката на Гугл така што доколку тоа биде побарано ние ќе го објавиме тоа.

Многу е бедно кога едно вакво интервју поврзано со медиумите во Македонија ќе се смета за релевантно а го води човек кој никаде не го собира и човек кој незнае нити за етика нити за морал нити било што поврзано за медиумите. Мислам дека ова интервју кое е во рамките на проектот ,,Проверка на Факти” дека ќе им биде едно од најцрните петна во текот на целиот нивни проект.

Бидејќи вакво какво што е ова никакво интервју во кое без никакви аргументи само со тупи тези се деградираат нечии медумски придонеси за информирање на јавноста од кој секако имаат удел и помалите медиуми се гледа и чита само на режимските медиуми на Канал 5, Сител, Курир, Република и сл. И на режимските медиуми не им чинат помалите медиуми и интернет портали, и таму помалите портали се блогови и никој не ги ферма и никој не ги есапи и се тотално небитни а сега откриваме дека е тоа така и на проектот финансиран од УСАИД и Метаморфозис ,,Проверка на Факти”.

Срамно и бедно интервју на уредникот на Тиме.Мк Игор Трајковски , а за Владе Ѓорчев што да коментираме а да не го расплачиме, освен да го гушнат кога ќе го видат , бидејќи ваков човек и ваква медиумска цепеница треба да се жали а не интервјуа да прави. И да, уште за крај, од сега па натаму бидејќи ,,Народен Глас” е блог и не е медиум и е тотално небитен според пицајзлата Ѓорчев ние како медиум одбиваме секаква и било каква соработка во иднина со проектот ,,Проверка на Факти”. И наместо овој проект да им помогне на помалите портали да се развиваат ќе го пуштат овој кловн Ѓорчев да засере се со едно интервју и да фрла пизми и скапани деградирања за малите портали, и крајно време е таму да истражат колку се повеќе читани интернет порталите каде ги водат еден или два уредници отколку цела чета на медиумски работници.

Со вакви медиумски медиокритети на Македонија и македонското истражувачко новинарство црно и се пишува, се додека во време на автократска власт каде новинари се фрлаат како партали и се затвораат како најголем шлајм се додека ги следат медиумските кодекси и стандарди еден психопат и една медиумскка булумента ќе доминира врз медиумскиот етер во Македонија, јебига…

Без почит

Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот ,,Народен Глас”