15-ТАТА БОМБА НА ЗАЕВ СО РАЗОРНА МОЌ : Мијалков крадел крадел крадел и немал усул!

0
743

mijalkov

Обелоденивме редица скандали што потврдуваат противуставно, протизаконско работење на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и тесна група околу нив.

Денеска откриваме уште еден огромен корупциски скандал, со импликации и за Македонија и пошироко во регионот.

Станува збор за корупција на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Дел од снимките покажуваат дека зад зделката стои Никола Груевски, кој ја обезбедил реализацијата на огромниот корупциски бизнис.

Во овие разговори не се зборува во шифри, туку јасно, за огромни суми пари, кои преку Русија, Будимпешта завршуваат кај Сашо Мијалков. Странува збор за набавка на опрема за тајната полиција, од Израел. Бизнисот го договора Мијалков преку Светлана Костова. Тоа е таа која во претходниот разговор Мијалков ја израдува дека ја наместил за судијка. И како судијка во Управниот суд продолжува да ги врши валканите разговори.

За да почне да преговара, Мијалков побарал од Хаим Хакејни провизија од половина милиони евра. За да ги продолжи разговорите, инсистира да ги добие парите до евро. Од разговорите на Костова ќе чуете суми од по 500.000 евра, двапати по 900.000 евра, 250.000 евра и 840.000 евра, рече Заев на денешната прес-конференција на која ја презентира 15-та „бомба“.