15 НАВИКИ НА ШВЕЃАНИТЕ, ПОРАДИ КОИ ВАЖАТ ЗА ЕДНА ОД НАЈСРЕЌНИТЕ НАЦИИ ВО СВЕТОТ

0
449

Триковите на Швеѓаните сигурно ќе донесат повеќе среќа и во вашиот живот. Дефинитивно треба да се обидете да примените дел од нив. Во Македонија малку потешко ни оди со трката по среќа, па понекогаш добро е да видиме „рецепт“ од некои од најсреќните држави на светот Шведска спаѓа во оваа група, а филозофијата на живот таму се крие во т.н. „lag“, што значи умереност во сè.

Навики на Швеѓаните:- Мебелот во домот го распоредуваат на одредена дистанца едно од друго парче со цел меѓу нив да има простор за непречено движење и можност окото да ја видите убавината на секое парче мебел. – Во домовите ставаат транспарентни завеси за да има многу дневна светлина, ѕидовите ги бојат во светли бои и ставаат фотографии од прекрасни пејзажи, кои ги релаксираат.

– Домот го уредуваат така за да релаксира и често во ноќите палат свеќи, кои ја греат душата.- Кога купуваат нови работи, како облека на пример, се ослободуваат од две стари за да нема хаос.

– Документите ги сортираат и веднаш фрлаат сè што им е непотребно. – За да заштедат време на готвење прават неделен план и едноставни оброци за викендите. – Одгледуваат зачини во саксии во домот и ги користат при готвењето.

– Стануваат половина час порано за да го избегнат брзањето накај работа и смирено го започнуваат денот, затоа што имаат чувство дека имаат контрола врз времето.

– Наутро полека пијат чај, а кога им дозволуваат обврските си заминуваат порано од работа. – Со колегите одат на кафе паузи наречени „Fika“, кои ја подобруваат работната атмосфера и ја зголемуваат ефикасноста на работното место.

– По вечерата прават прошетки во близина на нивните домови наречени „Kvällspromenad“ за да се релаксираат пред спиење. – За да можат да шетаат по секакви временски услови, особено за време на викендите, си купуваат соодветна опрема.

– Природата ја носат во домот преку употреба на природни материјали како дрво, волна итн.- Се трудат да го исфрлат „ѓубрето“ од умот така што го сведуваат на минимум времето минато во гледање на телевизија и седење на социјалните мрежи.- Секогаш одвојуваат време за омилените активности.