ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ОДРЖА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ШУКОВА

0
353

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Во фокусот на средбата беше воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а се разговараше и за останатите активности на Општината за поголема заштита на животната средина.

Заштитата на животната средина е еден од нашите приоритети, затоа што ништо не е поважно од здравјето на граѓаните.

За новите предизвици и решенијата за нив, денеска разговаравме со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Како Општина којашто забрзано ја развива својата европска, модерно урбана верзија, ја информирав министерката Шукова за сите проекти кои се во фаза на реализација, а коишто го подобруваат квалитетот на животот и истовремено ја заштитуваат животната средина.

Во фокусот на разговорот беше мојата посебна гордост, а тоа е воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а за што се формира посебно јавно претпријатие „Струмица Транспорт“.

Гордост ми се и проектите во урбаната мобилност како што е изградбата на велосипедски патеки, создавање современа вело – инфраструктура во градот, субвенционирањето за купување на нови велосипеди чија цел е зголемување на користењето велосипеди, а воведената селекција на отпадот во домаќинствата дава добри резултати.

Од срце и со многу труд за здрава животна средина во нашата Струмица.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.