14-годишно дете одбило 30 милиони долари: Ја “откачил” здравствената индустрија како од шега

0
1558
14-годишниот Тејлор Розентал од Опелик во Алабама направил машина за давање на прва помош, а потоа одбил понуда од 30 милиони долари за идејата да ја продаде на големите национални здравствени компании, за направата да ја задржи за себе.

Тој веќе земал 100.000 долари од продажба на машината и има намера да заработи уште повеќе пари од продажба на апаратите по 5.500 долари. Тематскиот парк во САД, “Шест знамиња”, веќе нарачал 100 автомати.


Тејлор објаснил како дошол до идејата да ја направи оваа машина.

“Секогаш кога патувавме на бејзбол турнири во Албама, забележав дека многу деца се повредуваа и родителите не можеа да најдат завој. Сакав тоа да го решам”, рекол тој за CNN.

Во автоматите се нуди широка палета на производи за прва помош со различни цени, а може да се купат и поединечни ставки како гипс, гумени ракаваци, антибактериски марамчиња и газа.

Тејлор рекол дека е отворен за рекламирање на своите машини. Тој сега е најмладиот директор во Опелик, а има и своја канцеларија.